Free cookie consent management tool by TermsFeed

Молитва

до Прашкото Младенче Исус

Молитвa на Папата Бенедикт XVI

кон Детето Исус од Прага што ја измолил за време на неговата посета на храмот Богородица Победничка на 26 септември 2009 година

Господи Исусе,
те гледаме пред себе како дете и веруваме дека
си Син Божји што си постанал човек преку
Светиот Дух во утробата на Дева Марија.
Како и во Витлеем, и ние, заедно со Марија и Јосиф,
ангелите и пастирите ти се поклонуваме и признаваме
дека си нашиот единствен Спасител.
Си постанал сиромашен за да се збогатиме од твоето
сиромаштво:
дај никогаш да не заборавиме на сиромашните
и на страдалните.
Заштитувај ги нашите семејства,
благослови ги сите деца од целиот свет и дај
со нас секогаш да владее љубовта што си ја донел,
за да нашиот живот го направи посреќен.
Подај им на сите луѓе, Исусе, да ја разберат
пораката на Божјото раѓање за да сфатат
дека си дошол да му подариш на целото човечко
семејство светлина, радост и мир.
Зашто ти си Бог и живееш и царуваш со Бога Отецот
во единство со Светиот Дух во вечни векови.

Молитва на Чесниот Отец Кирил од Мајката Божја

Босоногиот Кармелитанец (1590-1675)

О Дете Исус, Тебе ти притекнувам, Те молам преку
Твојата Света Мајка да ми помогнеш во оваа потреба
(кажете ја потребата), зашто вистински и цврсто
верувам дека Твојата Божественост може да ме одбрани.
Полн со доверба во Тебе се надевам да ја добијам
Твојата света милост.
Те љубам со сето мое срце и од сите сили на мојата душа.
Искрено се каам за моите гревови и на колена те
молам, добар Исусе, да ме ослободиш од нив.
Решен сум да се поправам и никогаш повеќе да не Те навредам.
Затоа, Ти се подавам, спремен да пострадам во сè за Тебе и верно да Ти служам.
Ќе го љубам мојот ближен како себе си од срце за љубов Твоја.
О Мал Исусе, те обожувам, о Семоќно Дете,
те преколнувам, помогни ми во оваа потреба
(кажете ја потребата), за да можам вечно да уживам
во Тебе, да Те гледам со Марија и Јосиф и со сите
ангели да Ти се поклонувам.

Амин.

Преземи PDF